Јувентус во летниот преоден рок сака да донесе замена за Алекс Сандро и да ја засили левата бековска позиција.
Прво име на листата желби на Алегри е италијанскиот репрезентативец Емерсон Палмери. 27-годишниот лев бек одигра одлична сезона во Лион каде беше на позајмица од Челзи.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сините“ за слободата на Палмери бараат 20 милиони евра, а „бјанконерите“ наскоро ќе испратат понуда од 15 милиони евра плус бонуси.
На листата се уште и Регулион од Тотенхем, кој би бил многу поскапа опција и Удоги од Удинезе чија цена изнесува 20 милиони евра.