Вест Хем вчера оствари голем успех освојувајќи ја Конференциската лига и тоа беше само нивна втора европска титула во клупската историја. Оваа титула беше посебна и за левиот бек на „чеканите“, Емерсон Палмери.
Бразилецот со италијански пасош одигра цел натпревар и доби нова висока оценка од експертите на УЕФА, но стана и посебен во светот на фудбалот по едно нешто.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Палмери стана првиот играч во историјата на фудбалот кој ги освоил сите натпреварувања на УЕФА. Покрај Конференциската лига, тој со Челзи ги освои Лигата на Европа и Лигата на шампионите.
Освен тоа тој може да се пофали и со освоен Суперкуп на Европа и Европско првенство како репрезентативец на Италија.
Ќе потсетиме, Жозе Мурињо минатата година по освоената титула со Рома стана првиот тренер кој триумфирал во сите три клупски европски натпреварувања.
Emerson Palmieri. 𝗪𝗜𝗡𝗡𝗘𝗥. 🤩
— UEFA Europa Conference League (@europacnfleague) June 7, 2023
🏆 Europa League
🏆 Champions League
🏆 Super Cup
🏆 EURO 2020
🏆 Europa Conference League#UECLfinal pic.twitter.com/i3XxBLc5PC