Челзи се обидува да си го врати левиот бек Емерсон Палмери, кој во летото беше испратен на позајмица во Лион.
27-годишниот италијански репрезентативец се претставува одлично во Лига 1 и веднаш се избори за место во стартниот тим.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, поради повредата на Чилвел „сините“ се во потрага по нов лев бек и сакаат да си го вратат Емерсон.
„Скај Спорт“ пренесува дека Лион дал негативен одговор бидејќи позајмицата на играчот е договорена до крајот на сезоната и не сака да го пушта во јануари.
Челзи беше заинтересиран и за Лукас Диње од Евертон, кој според последните информации е пред трансфер во Астон Вила.