Дома Фудбал Италија Ѕвездата на Аталанта сака да си оди: Јувентус, Интер и Милан на нозе

Ѕвездата на Аталанта сака да си оди: Јувентус, Интер и Милан на нозе

Италијанските медиуми пренесуваат дека напаѓачот на Аталанта, Луис Муриел сака да ја промени средината.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Муриел минатата сезона беше еден од најдобрите напаѓачи во Серија А, но оваа сезона ретко се наоѓа во стартниот состав.

30-годишниот напаѓач оваа сезона на 10 настапи постигна 2 гола и смета дека сега е вистинско време да направи чекор напред во кариерата.

Колумбиециот наводно го информирал раководството на Аталанта дека сака трансфер во јануари, а интерес за него покажуваат италијанските гиганти Милан, Интер и Јувентус.

Аталанта за неговата слобода бара 20 милиони евра, па останува да видиме дали споменатите клубови се спремни да ја платат оваа сума.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Елиминација на осум репрезентации од Светското првенство!

Токму сме на средината од завршната рунда на групната фаза од Светскиот фудбалски шампиона…