Дома Фудбал Италија Шпанците тврдат дека имаат ексклузива: Нејмар им се доверил на пријателите!?

Шпанците тврдат дека имаат ексклузива: Нејмар им се доверил на пријателите!?

Според информациите на „Ел Чирингито“, Нејмар им се доверил на неговите роднини дека ќе го напушти Пари Сен Жермен.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Новинарот, Хозе Педрелои ја шокираше јавноста со информацијата дека Нејмар им се доверил на пријателите, но и некои членови на семејството дека го менува клубот.

Тој не само што најави враќање во Барселона, туку и тврди дека работата е завршена.

Според неговите информации Нејмар не сака да преговара со Реал и тоа го соопштил на неговиот татко и сега верува дека Барса би го примила назад.

Барселона би требало да плати 220 милиони евра колку што и добија за Нејмар, но сигурно дека Бразилецот би морал да прифати намалување на платата.

Како и да е сето ова треба да се земе со резерва, но не треба да се заборави дека оваа телевизија прва објави за потврдата на трансферот на Роналдо во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Готово е: Перез ја донесе конечната одлука за новиот тренер на Реал Мадрид

Додека се подготвува проектот за следната сезона уште од испаѓањето во Европа од Бајерн Ми…