Лоши вести пристигнуваат од Белгиај од тимот на Вестерло.
Македонскиот репрезентативец Ердон Даци ги скинал предните вкрстени лигаменти, ова е повреда која се смета за една од најтешките во фудбалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Секако дека ова е удар за сите во клубот, но и лоша вест за Македонија која ја очекуваат натпревари во септември. Даци сега оди на операција и според искуствата со ваква повреда досега го чека пауза од најмалку 8-9 месеци.
Сигурно е дека повеќе нема да игра фудбал во 2022 година, а под знак прашалник е и целата сезона. Медиумите од Белгија потенцираат дека од стартот на првенството покрај Даци уште петмина фудбалери ја заработиле оваа повреда.