Meталург денеска ја израдува македонската јавност со победата над Спортинг од 28:27, а после натпреварот на клубот од Автокоманда, Лион Червар им се обрати на медиумите.
„Ви кажав и минатиот пат дека е потребно трпение, ние денес игравме со осум јуниори и двајца ракометари од кадетите и таков ростер на играчи нема ниту еден клуб кој се натпреварува во Лигата на шампионите. Првото полувреме го одигравме фантастично и заслужено стигнавме до првите бодови“, истакна Червар кој потоа зборуваше и за ситуацијата во клубот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ќе ви кажам едно нешто, имаме само еден дрес и доколку тој се скине, можеби и нема да играме. Навистина сум горд на овие момци, ова се ракометари кои играат со срце“, изјави Червар.