Металург вчера не го одигра ракометното дерби против Вардар откако Европската ракометна федерација (ЕХФ) реши да го суспендира тимот од Автокоманда и од домашните натпреварувања.
Причина за ваквата одлука е тужбата која стигна на име на клубот поради долговите кон Зоран Кастратовиќ и Александар Шпенде.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Долгот на клубот е 65.000 евра за овие два случаи (Шпенде и Кастратовиќ), но доколку се додадат и сите плати што ги бара Кастратовиќ, таа бројка би била 90.000 евра. Минчо Јорданов инвестираше пари кога најмногу требаше. Не може да се оспори неговата поддршка. Да не беше ковид-кризата работите ќе беа поинакви. Можам само да потенцирам дека Минчо Јорданов не се откажа од Металург“, изјави претседателката на Металург, Зорица Блажевска.
„Нема да се откажеме дури и доколку бидеме исфрлени од Суперлигата. Ако не успееме во нашата намера, најголеми губитници ќе бидат играчите. Ќе играме ако треба и во Првата лига, ќе продолжи клубот да функционира преку Металург РА. Многу други клубови стартувале од Прва лига, па сега имаат одлични екипи. Сите кои помислија дека ќе ни ги земат играчите, дека ќе ни ја земат салата, ќе морам да ги разочарам“, додаде Блажевска.
Фото: РК Металург