Дома Останати Тенис Алкараз: Никогаш не сум го видел Медведев да игра вака

Алкараз: Никогаш не сум го видел Медведев да игра вака

Најдобриот тенисер во светот Карлос Алкараз за прв пат загуби оваа сезона, по 16 победи и титули на Австралискиот опен и турнирот во Доха.

Го совлада Данил Медведев во полуфиналето на мастерсот во Индијан Велс со 2:0, а Шпанецот по мечот му оддаде признание на рускиот играч, кој потсети на своите најдобри изданија, кога преку Новак Ѓоковиќ го освои УС опен и играше бројни гренд слем финалиња.

Никогаш не сум го видел да игра вака. Беше неверојатен. Од првиот до последниот поен делуваше нереално. Потполно ја заслужува оваа победа, единственото што можам да направам е да му честитам. Имав чувство дека сето време трчам и тоа многу ме чинеше. И покрај поразот, сум горд на фактот што се борев до крај“, изјави Алкараз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ се маскираше и „инкогнито“ се прошета низ Њујорк (Видео)

Новак Ѓоковиќ одлучи накратко да почувствува како е да се шета по улиците на Њујорк без да…