Дома Фудбал Ешли Кол доби работа во Италија

Ешли Кол доби работа во Италија

Поранешниот англиски лев бек Ешли Кол е нов главен тренер на Чезена, која учествува во Серија Б. Поранешниот играч на Арсенал и Челзи со ова доби прва работа на позиција шеф на стручниот штаб на некоја екипа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на „морските коњчиња“ со 45-годишникот ќе важи до крајот на јули, но на официјалната веб страница на клубот е истакнато дека постои клаузула која би можела автоматски да ја продолжи соработката на овој некогашен репрезентативец на Англија.

Неговиот претходник на клупата на Чезена беше Микеле Мињани, а Кол стекна тренерско искуство работејќи во стручните штабови на Дерби, Челзи, младинската репрезентација на Англија, Евертон, Бирмингем, како и во сениорската селекција на Англија по заминувањето на Герет Саутгејт.

Во играчката кариера, високиот 176 cm Кол ги бранеше боите и на Кристал Палас, кога станува збор за лондонските клубови, а ни италијанскиот фудбал не му е стран бидејќи една и пол сезона играше за Рома. Следеше американската авантура во ЛА Галакси, па крајот на кариерата во Дерби во 2019.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шок за Нагелсман: Заврши Мундијалот за еден од најважните фудбалери на Германија!

Германската репрезентација успешно ги заврши првите две натпревари од групната фаза на Све…