Дома Фудбал Пресврт во „случајот Шлоторбек“?

Пресврт во „случајот Шлоторбек“?

Стоперот на Борусија Дортмунд и репрезентативец на Германија, Нико Шлоторбек, е во центарот на интерес поради можноста за трансфер во некој од големите европски клубови.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Веќе подолго време се поврзува со Баерн, Барселона и Реал Мадрид, но на крајот можно е да остане во Дортмунд.

Според извори од Германија, Шлоторбек минатата недела ги обновил преговорите со Борусија, а неговите агенти одржале два состанока со управата на клубот.

Моментално не е јасно дали е поблиску до заминување или останување, но обновувањето на преговорите покажува дека останувањето во Борусија во иднина е сосема реална опција.

Ниту еден од заинтересираните клубови не можеше да му гарантира стартно место, па се вели дека се двоуми токму поради ова.

Шлоторбек има договор со „милионерите“ до летото 2027 година, а ако не потпише нов, Борусија би можела да го продаде за околу 50.000.000 евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Марко Алчевски се врати во Македонија!

Фудбалскиот клуб Тиквеш денеска го претстави своето ново засилување за претстојната сезона…