Tимот на Загреб објави дека се засилува со искусниот Златко Хорват.
Легендарното крило се враќа во редовите на хрватскиот тим од редовите на унгарски Дабас. Хорват на 39 години пристигнува да биде дел од ротацијата на загрепскиот тим кој се бори за осминафинале во Лигата на шампионите, но и трофејот во домашното првенство.
𝗟𝗲𝗴𝗲𝗻𝗱𝗮 𝘀𝗲 𝘃𝗿𝗮𝘁𝗶𝗹𝗮 🦁
— RK Zagreb (@RKZagreb) February 26, 2024
Zlaja, dobrodošao nazad doma! 💙#IznadSvihZagreb #rkzagreb pic.twitter.com/t4pHrJsLm9
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Од 2002 до 2020 година Хорват го носеше дресот на Загреб, а тогаш на големо изненадување се пресели во Металург каде што одигра една сезона и потпиша за Дабас од Унгарија. Низ кариерата со Загреб Хорват освои над 30 трофеи.