
Реал Мадрид без поголемиот дел од првиот тим го угости Елче, и сепак стигна до рутинска победа со резултат 4:1 во натпреварот од 28. коло на шпанската Ла Лига.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Со оваа победа, која и ја очекуваа, Реал се доближи на еден бод до водечката Барселона, па сега Кралевите се надеваат дека Каталонците утре ќе пропуштат шанса некако на свој терен да ја совладаат Севилја.
„Кралевите“ ја покажаа својата моќ, иако Алваро Арбелова немаше на располагање многу важни играчи како што се Мбапе, Алаба, Асенсио, Белингам, Себаљос, Милитао, Карерас, Манстантуоно, Менди, Родриго…
Оваа „лесна“ средба му беше потребна на Реал вечерва пред реваншот со Манчестер Сити на Етихад, во осминафиналето на Лигата на шампионите, каде што ќе ја чуваат предноста од три гола од првиот дуел.
Во самиот финиш, Реал го постигна четвртиот гол преку Арда Гулер, кој погоди од 60 метри!