
Вистински хаос се случува во Минхен. Причината се голманите кои Баерн веќе ги нема на располагање.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Легендарниот Мануел Нојер веќе извесно време не може да брани, а потоа Баварците ги снајде вистинска неволја. Со повреди се соочија и резервите Јонас Урбиг и Свен Улрајх.
Урбиг доби потрес на мозокот во дуелот од Лигата на шампионите против Аталанта, Улрајх е повреден на мечот со Бајер од Леверкузен и тие не можат да бидат на голот на реваншот што се игра во среда.
Според тоа како стојат работите, меѓу стативите на овој дуел ќе застане 16-годишниот Леонард Прескот. Тој неодамна беше префрлен во првиот тим и може да добие шанса да дебитира на големата сцена.
Станува збор за момче кое е родено во Соединетите Американски Држави. Меѓутоа, брани за селекцијата на Германија. Веќе е член на У19 екипата, а беше дел од тимот во првиот натпревар против Аталанта.
За сега, Винсент Компани друг избор нема. Повреден е и голманот од вториот тим Леон Кланац и ова е невидена криза за Баварците.