Дома Фудбал Англија Челзи одличи: Го враќа назад Игуаин

Челзи одличи: Го враќа назад Игуаин

Kристиано Роналдо изминатото лето пристигна во редовите на Јувентус, па еден напаѓач мораше да си замине, а поради големата плата која ја имаше Игуаин беше одлучено тој да биде „избраникот“.

Прво Игуаин беше испратен во редовите на Милан како позајмен играч, но на „Сан Сиро“ воопшто не се прослави. Кога дојде јануарскиот преоден рок Аргентинецот направи се за да го убеди клубот да го пушти во Челзи.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сепак, сега е јасно дека Игуаин нема да се задржи ниту во Челзи бидејќи лондонскиот клуб нема право да купува нови играчи. Но и кога би можеле да купуваат „сините“ донесоа одлука да го вратат напаѓачот на крајот на сезоната.

Јасно е дека и во Јувентус сега нема место за него, па прашање е каде на крајот ќе заврши Аргентинецот. „Старата дама“ сигурно ќе направи се за тој да не остане во Торино. Потенцијални купувачи на повидок засега нема.

Игуаин наскоро ќе наполни 32 години, а неговата плата е превисока, па Јувентус сигурно ќе има проблем на лето да се „ослободи“ од него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…