Дома Фудбал Лига на шампиони Челзи и Севиља се првите патници во нокаут фазата од Лигата на шампионите! ?

Челзи и Севиља се првите патници во нокаут фазата од Лигата на шампионите! ?

Во терминот од 18:55 часот во Лигата на шампионите како и вообичаено се одиграа два натпревари.

Челзи гостуваше кај тимот на Рен во Франција. Од самиот почеток на мечот Челзи тргна офанзивно и Вернер во првите минути пропушти огромна прилика да ја погоди мрежата на домаќините. Ако Вернер не погоди, погоди Калум Хадсон Одои после 22 минути игра. Со минималното водство Челзи замина и на полувреме.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во вториот дел како што одминуваше времето Рен создаваше повеќе шанси. Се играше во главно пред голот на Менди. И таквата игра на Рен му се исплатеше во 85. минута кога Гурасу го совлада Менди. Треба да споменеме дека во овој четврти натпревар во ЛШ ова е првиот гол кој го прима Челзи. Сепак, одбраната на Рен одново капитулираше. Без многу шанси во самата завршница Жиру после промашување на Вернер ја смести топката во мрежата.

Со оваа победа Челзи после четири кола го обезбеди пласманот во нокаут фазата од Лигата на шампионите

Во вториот натпревар кој се играше вечерва Севиља го победи Краснодар со 1:2, па така и Шпанците со Челзи обезбедија пласман во нокаут фазата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Проблем за Дешам: Франција може да биде без првиот голман на ЕП?!

Францускиот голман Мајк Мањан заработи повреда на само шест недели пред почетокот на Европ…