Дома Фудбал Фановите бесни – Роналдињо и заби „нож во грб“ на Барселона!

Фановите бесни – Роналдињо и заби „нож во грб“ на Барселона!

Роналдињо најубавите фудбалски години ги помина во Барселона каде доживеа легендарен статус, а денес е амбасадор на каталонскиот гигант.

Иако Бразилецот во неколку наврати изјави дека Меси е најдобар фудбалер во светот, сега го промени мислењето и ги налути сите фанови на Барселона.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Имено, Роналдињо финалето во Лигата на шампиони го гледаше на еден кризер во Грција, а на прашањето од новинарите кој е најдобар во светот одговори:

„Па Кристиано Роналдо, нормално. Резултатите, титулите, бројот на голови и неговата игра доволно говорат кој е најдобар“, изјави Роналдињо кој потоа истакна дека е среќен што Реал е европски шампион.

„Прекрасно финале, и двата тима играа одлично. Се надевам дека гледачите ширум светот уживаа во финалето како што уживав и јас. Имаше пет прекрасни голови што е одлична работа за фудбалот. Среќен сум што Роналдо и Зидан испишаа нови страници во историјата и што ја одбранија титулата“, изјави Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…