Дома Фудбал Англија Фабрегас го “боцна” Куртоа таму каде најмногу боли

Фабрегас го “боцна” Куртоа таму каде најмногу боли

Шпанскиот фудбалер и член на Челси, Сеск Фабрегас очигледно е доста расположен овие денови, иако не игра на Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Откако еднаш веќе се пошегува на сметка на репрезентцијата на Аргентина, кога предложи да одиграат пријателски натпревар против играчите кои не отпатуваа на СП, Фабрегас одлучи и да го посети профилот на клубскиот колега Куртоа.

Голманот на Челси објави фотографија на Инстаграм од натпреварот против Панама на која се гледа како го брани обидот на противникот, а Фабрегас на тоа имаше интересен коментар.

„Беше време да ги собереш нозете.“ му напиша Фабрегас на белгијскиот голман алудирајќи на голот кој го прими против Барса во реванш дуелот од осминафиналето во ЛШ.

Куртоа на тоа кратко одговори: „Копиле“.

First game First win! ?? 3-0 ?? #1 #redtogether

A post shared by Thibaut Courtois (@thibautcourtois) on

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид го потврди и третото засилување од почетокот на Мундијалот!

Реал Мадрид официјално го објави пристигнувањето на францускиот дефанзивец Ибрахима Конате…