Дома Фудбал Лига на шампиони Утре е „Денот Д“ за европскиот фудбал: УЕФА ќе предложи нов формат за ЛШ и ЛЕ

Утре е „Денот Д“ за европскиот фудбал: УЕФА ќе предложи нов формат за ЛШ и ЛЕ

УЕФА во вторник ќе донесе конечна одлука за тоа како да заврши сезоната во европскиот фудбал, а денеска пристигнаа информации дека би можел да се игра фајнл-фор во Лигата на шампиони и Лига Европа.

Утре се очекува Европската фудбалска централа да го одложи Европското првенство, а тоа ќе овозможи националните првенства да се играат до крајот на јуни и почетокот на јули.

Што се однесува до Лигата на шампиони и Лига Европа најверојатно ќе се играат завршни фајнл фор турнири. Се очекува осминафиналето да се одигра регуларно, а потоа во четвртфиналето да се игра по еден натпревар на неутрален терен.

УЕФА мораше да најде ново решение и според нив во мај може да се игра Ф4 на кое ќе бидат четири екипи, две полуфиналиња и едно финале на 30 мај.

Повеќе детали УЕФА ќе соопшти утре после состанокот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Четири клубови подготвуваат тужба за 800 милиони против Ман Сити

Манчестер Сити може да се соочи со нов сериозен проблем, бидејќи четири клуба од Премиер л…