Дома Фудбал Репрезентации Тите: Меси не можете да го запрете, но можете да го успорите

Тите: Меси не можете да го запрете, но можете да го успорите

Селектоворот на репрезентацијата на Бразил смета дека најдобриот фудалер на Аргентина, Лионел Меси не може да се запре.

Ќе потсетиме овие две репрезентации во ноќта која следи ќе се сретнат во полуфиналето на Копа Америка, а главното прашање за Тите пред овој натпревар е како да се запре Меси.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Тој смета дека ѕвездата на Барселона е незапирливи, но дека може да за успори.

„Не треба да зборуваме за Аргентинците како за поединци. Тие се тимска екипа. Колективот ги подобрува индивидуалците. Меси не можете да го запрете, но можете да го успорите.

Невозможно е целосно да го неутрализирате“, изјави Тите, а потоа ги пофали и неговите играчи.

„Исто така ниту Кутињо, Фирмино или Нерес не се неутрализираат. Тие во секој момент може да бидат опасни“.

Победникот од ова полуфинале ќе игра во финалето од подобриот од второто во кое играат Перу и Чиле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Хојлунд се враќа на Апенините – познат е неговиот следен клуб!?

Цело е јасно на сите дека Милан мора да бара центарфор, играч што ќе биде сигурен пред про…