Дома Фудбал Луди сцени: Освоија титула по 125 години, па цел стадион влета во теренот – ја украле и таблата за измени! (Видео)

Луди сцени: Освоија титула по 125 години, па цел стадион влета во теренот – ја украле и таблата за измени! (Видео)

Еден од најстарите клубови во Бразил, Понте Прета, пред два дена го освои првиот шампионски пехар во својата 125-годишна историја. Оваа долгочекана победа ја постигна во третата бразилска лига, освојувајќи ја Серија Ц.

Иако се работи за Серија Ц, титулата е титула.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Навивачите ја доживееја победата како да станале прваци на Бразил.

По конечниот свиреж, навивачите влетаа на теренот, а стадионот беше преплавен од славење. Сечеа делови од мрежата, земаа парчиња трева…

Следниот ден беше забележано дека електронската табла за најавување на измените исчезнала од стадионот.

Не требаше долго да се открие дека на социјалните мрежи веќе има многу индиции каде завршила таблата.

Навивачите се пофалија со сувенирот кој го понесоа со себе по историскиот момент за клубот. Сепак, може да биде посложено да се идентификува кој точно ја однесол таблата, бидејќи на интернет се најдоа десетици слики од различни луѓе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Николас Џексон може да се врати во Челси

Николас Џексон сериозно размислува за својата иднина, додека се соочува со тешкотии за вре…