Вилдер на 1. декември ќе ја брани титулата WBC првак во тешка категорија против Тајсон Фјури.
Ќе биде тоа дуел на двајца непоразени боксери кои се во самиот врв во тешка категорија, а Британецот Дејв Ален тврди дека Фјури ќе го нокаутира Вилдер во шеста рунда.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мене Фјури може да ме победи со една рака, иако ни јас не сум лош боксер. Тој е едноставно толку добар. Со години зборувам дека Фјури е најголемиот удар со кој некогаш сум бил во рингот.“ – изјави Ален и додаде:
„Да бидам искрен, мислам дек Фјури едноставно ужива да нанесува болка. Може лесно да ги завршува натпреварите, но тој ужива во боксот и сака да ги нервира луѓето.“