Дома Македонски спорт Мак баскет Србин кој беше соиграч со Гасол е новото засилување на МЗТ Скопје!

Србин кој беше соиграч со Гасол е новото засилување на МЗТ Скопје!

Српскиот интернационалец, Александар Бурсаќ (27 год, 205 см) е најновото засилување за МЗТ Скопје Аеродром, од кого се очекува да ја пополни празнината во играта под кошевите по заминувањето на Еван Максвел.

Станува збор за искусен крилен центар, кој одлично ја познава АБА-лигата со оглед што четири години беше дел од неа како кошаркар на ФМП, а две како член на хрватски Задар. Негов последен клуб е шпанска Џирона, каде што настапуваше заедно со легендата на „црвената фурија“, Марк Гасол.


    Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


    Србинот денеска ќе пристигне во Скопје и се очекува дебито во плаво-белиот дрес да го има в недела против Мега МИС (21 часот) во меч од 8. коло од АБА-лигата.

    Коментари
    Прочитајте поврзани статии
    Load More In Мак баскет

    Проверете

    Македонските ракометарки поразени од Хрватска

    Женската ракометна репрезентација загуби од Хрватска со 18-26 во рамки на турнирот „Кроаци…