Раководството на Милано донело одлука и веќе најави изградба на нов стадионо со цел „росонерите“ во финансиски аспект рамноправно да се натпреваруваат со елитните тимови.
На самиот за бизнис на фудбалот во Лондон Кардинале изјави дека новиот стадион на Милан ќе има капацитет од 70.000 седишта.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Дефинитивно тоа ќе биде добро за Италија и Серија А, не само за Милан“, изјави Кардинале.
Подолго време градските ривали размислуваат да го напуштат историскиот „Сан Сиро“ кој е во сопственост на локалната власт.
„Компанија која ќе ја отворам сакам да го гради стадионот, а потоа сакам таа компанија да гради стадиони и на други клубови во Серија А“, порача Кардинале.
Се огласи и Златан Ибрахимовиќ кој денес е во раководството на „росонерите“.
„Одлични спомени, но секогаш има и нов почеток за се“, изјави Ибра.
Кариерата Ибрахимовиќ ја заврши во 2023 година токму во Милан.