Дома Фудбал Англија Солскјер со понижувачка изјава за Лукаку

Солскјер со понижувачка изјава за Лукаку

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер даде „понижувачки“ коментар за поранешниот напаѓач Ромелу Лукаку.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Норвежанецот изјави дека претпочита ситуација во која му недостасува еден напаѓач наместо да го држи незадоволниот Ромелу Лукаку на „Олд Трафорд“.

„Во случајот со Ромелу, неговите мисли едноставно не беа на вистинското место за да ни помогне. Не сакам да зборувам премногу за оваа тема. Ромелу е одличен играч и личност, но неговото време овде заврши“, изјави Солскјер.

Белгискиот напаѓач беше продаден на Интер летово за сума од 70 милиони евра. Сепак, ова остави голема дупка во нападот на „црвените ѓаволи“, кои за оваа позиција можат да се потпираат само на Маркус Рашфорд и Антони Марсијал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Се подготвува фудбалска предавство какво што не е видено од 2010 година?

Капитенот на Тотенхем Кристијан Ромеро би можел да се трансферира во еден од најконтроверз…