Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер верува дека Пол Погба е најдобриот играч од средниот ред во светот.
Норвежанецот пред натпреварот со Њукасл посочи дека Погба би можел да биде во стартниот тим и дека неговото присуство со сигурност ќе донесе промени во играта.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Против Вотфорд играше многу добро, неговото враќање е голем плус и можеби веќе на следниот натпревар ќе биде во првиот тим. Тој може да игра на било која позиција во средниот ред. Тој е сестран играч од средниот ред, може да праќа долги пасови, да оди напред, да комибнира со кратки пасови. Зависи од натпреварот. Тоа е убавината во тоа што го имаме Пол во тимот, тој е најдобар сестран играч од средниот ред во светот“ –изјави Солскјер.