Нема крај на проблемите за словенечката ракометна репрезентација и селекторот Веселин Вујовиќ. Неколку дена откако Словенците останаа без искусниот пикер Матеј Габер, денеска повреда заработил и Вид Кавтичник.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ракометарот на Монпелје заработил повреда на раката за време на денешниот тренинг, односно расеченица меѓу два прста поради што морало да се интервенира со шиење.

Првичните најави се дека Кавтичник ќе мора да одмора десетина дена, што значи дека ќе го пропушти почетокот на ЕП во Хрватска, односно дуелот против Македонија кој Словенците го играат на 13. јануари во Загреб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Митревски ја има третата најдобра асистенција во Лигата на шампионите (Видео)

Македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски се најде меѓу најдобрите асистенти во…