Дома Фудбал Познати сите учесници во ЛШ: Еве ги правилата и кога е ждрепката

Познати сите учесници во ЛШ: Еве ги правилата и кога е ждрепката

Секој клуб ќе добие на ждреб двајца противници од секој шешир и ќе одигра вкупно осум натпревари во лигашката фаза. Вкупно ќе бидат одиграни 144 меча
Во „шеширот“ ќе бидат вкупно 36 клуба, 29 кои директно се квалификуваа во лигашката фаза и седум кои се пробија од квалификациите.

Тимовите ќе бидат поделени во четири шешири со по девет тима според УЕФА клубскиот коефициент.

Бранителот на титулата, ПСЖ, добива автоматско место во првиот шешир, што не е резервирано за шампионите на најсилните лиги како досега, ниту за тимот кој ја освои Лига Европа минатата сезона.

Состави на шеширите

1. шешир: ПСЖ, Бајерн Минхен, Реал Мадрид, Ливерпул, Интер, Манчестер Сити, Арсенал, Барселона, Атлетико Мадрид.

2. шешир: Борусија Дортмунд, Рома, Спортинг, Астон Вила, Порто, Манчестер Јунајтед, Клуб Бриж, Реал Бетис, ПСВ Ајндховен.

3. шешир: Феенорд, Лил, Боде Глимт, Наполи, Лајпциг, Вилјареал, Шахтјор, Галатасарај, Фенербахче.

4. шешир: Славија Прага, Штутгарт, ЛАСК, Комо, Ленс, Сабах, АЕК Атина, Викинг, Слован Братислава.

Секој клуб ќе добие на ждреб двајца противници од секој шешир и ќе одигра вкупно осум натпревари во лигашката фаза. Вкупно ќе бидат одиграни 144 меча.

Клубовите од иста држава не можат да се сретнат во лигашкиот дел, а еден тим може да игра против најмногу два тима од иста земја.

Првото коло на Лигата на шампиони е планирано од 8 до 10 септември, а последното на 27 јануари 2027 година. Финалето е закажано за 5 јуни во Мадрид.

Целиот распоред на лигашкиот дел од натпреварувањето ќе биде објавен во сабота, 29 август.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Активирана бомба на „Енфилд“, вкупен трошок до 140.000.000 евра!

Ливерпул конечно успеа да постигне договор со Пари Сен Жермен и Бредли Баркола ќе биде чет…