Дома Фудбал Леао пред голем трансфер: Турски гигант ја зголеми понудата на 45 милиони евра

Леао пред голем трансфер: Турски гигант ја зголеми понудата на 45 милиони евра

Рафаел Леао би можел да го напушти Милан на крајот од преодниот рок, откако Галатасарај значително ја зголеми понудата за португалскиот репрезентативец.

Според италијанските медиуми, турскиот шампион сега нуди 45 милиони евра плус бонуси, додека Милан се обидува да добие барем 50 милиони. Преговорите продолжуваат и двете страни се обидуваат да најдат конечен договор.

Галатасарај е подготвен да му понуди на Леао и многу добар договор. Португалецот би заработувал околу 10 милиони евра нето по сезона, додека со бонусите неговите приходи би можеле да достигнат 12 милиони евра.

Тоа би го направило најплатен дури и од Душан Влаховиќ, кој според извори во Бешикташ заработува осум милиони евра по сезона плус бонуси.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челси неочекувано продаде напаѓач на ривалот за 70 милиони евра

Лондонски Челси одлучи да го продаде својот напаѓач, а тој кариерата најверојатно ќе ја пр…