Дома Фудбал Клоп веднаш започна со работа: Разговарал со Комапни и тренерите на младинските селекции

Клоп веднаш започна со работа: Разговарал со Комапни и тренерите на младинските селекции

Јирген Клоп сериозно ја започна својата нова улога како селектор на германската репрезентација, а во првите недели на функцијата веќе остварил долги разговори со тренерите од Бундеслигата, меѓу кои и со Винсент Компани.

Според „Sky Sport DE“, Клоп разговарал и со тренерите на германските младински репрезентации. Новиот селектор јасно им ставил до знаење дека младинските селекции се важен дел од неговиот процес и долгорочниот проект.

Клоп сака да воспостави блиска соработка со тренерите на сите репрезентативни категории и уште од самиот почеток да создаде заедничка визија за развојот на германскиот фудбал.

Неговиот пристап покажува дека Клоп не сака да се фокусира само на сениорската репрезентација, туку активно да биде вклучен и во развојот на младите таленти кои во иднина треба да го носат дресот на Германија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета собира снимки од ривалите: „36 излегувања за 10 минути, а нема жолт картон!“

Тренерот на Арсенал е на еден жолт картон од суспензија и тврди дека неговите колеги остан…