Дома Топ вести Скандал во Шпанија: Барса ризикува да го загуби Ел Класико со службени 3:0!

Скандал во Шпанија: Барса ризикува да го загуби Ел Класико со службени 3:0!

Бурно е во Шпанија воочи вечерашното Ел Класико. Реал во најголемото дерби на светот влегува со три бода предност пред Барселона, но и натпревар помалку.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Покрај трите бода голема предност за „карлевите“ е отсуството на Нејмар, еден од најдобрите фудбалери на Барса, кој е суспендиран за вечерашниот натпревар. Бразилецот беше исклучен на натпреварот со Малага и доби три натпревари суспензија бидејќи саркастично му аплаудираше на четвртиот судија.

Тоа сигурно е голем хендикеп за Барселона бидејќи Нејмар оваа сезона за каталонскиот тим постигна 15 гола, и запиша дури 24 асистенции.

Поради тоа Барселона се жалеше и бараше намалување на казната со цел нивната ѕвезда да може да настапи против Реал, но дисциплинската комисија на Фудбалскиот сојуз ја одби нивната жалба. Меѓутоа, Барса не се откажа и веднаш испрати жалба до Шпанскиот спортски арбитражен суд.

Вчера требаше да се состане Шпанскиот спортски арбитражен суд, но не можеше да обезбеди присуство на два свои членови. Од судот ја обвинија Барселона дека многу доцна доставила жалба и дека немале време за да организираат заседавање.

Судот и порача на Барса дека Нејмар нема право да игра, но Каталонците возвратија со фактот дека сеуште ја чекаат одлуката од Судот, па Луис Енрике го повика Бразилецот за вечерашниот натпревар и тој отпатува во Мадрид.

Сега постои двоумење дали Нејмар може да игра и дали Барселона ќе биде казнета со службени 3:0 доколку Бразилецот вечерва истрча на „Сантиаго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Голем трансфер во Катар, Лацио остана без капитенот

Алесио Ромањоли повеќе не е фудбалер на Лацио. Искусниот италијански стопер одлучи да го н…