Дома Македонски спорт Сејдини: Некои луѓе и институции сакаа да фрлат дамка на нашиот успех

Сејдини: Некои луѓе и институции сакаа да фрлат дамка на нашиот успех

Денес се одржува изборното собрание на ФФМ на кое Муамед Сејдини ќе биде реизбран за старо-нов претседател на куќатана фудбал.

Сејдини на собранието имаше и свое обраќање.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„Ќе играме на Европското првенство, па ФФМ и репрезентацијата ги живеат најсветлите моменти. За мене ова се моментите на гордост и слава, фудбалот не сплоти. За неколку месеци ќе играме на ЕП и сите сме среќни што ќе бидеме помеѓу најдобрите. Фала на сите што ми даваа поддршка во последните две години и нека ми простат оние кои сметаат дека правев грешки. Ние во федерацијата сме горди на сработеното“.

„Спремни сме да помагаме во повеќе проекти за да се развива фудбалот. Некои луѓе и институции се обидоа да фрлат дамка на целиот наш успех во 2020 година и со А-селекцијата и младата репрезентацијата, не прогласуваа за сива зона која работи надвор од законот. Не бегаме од разговор за нашиот статус и евентуално менување, заедно со УЕФА ФИФА и државното тело, но не сакаме да има уцени и мешање на политиката“, изјави Сејдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…