Дома Топ вести Сензационално враќање на „Камп Ноу“: Нејмар ги прифати условите на Барселона!?

Сензационално враќање на „Камп Ноу“: Нејмар ги прифати условите на Барселона!?

Веќе подолго време кружат гласини дека Нејмар би можел да се врати во Барселона, од каде минатото лето замина за 222 милиони евра во ПСЖ.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Нејмар не е задоволен на „Паркот на принцовите“. Бразилецот свати дека ПСЖ и понатаму е далеку од европската елита и сака да ја промени средината, а негов прв избор е секогаш Барселона.

Луѓето кои се грижат за кариерата на Нејмар разговарале со директорите на Барса, кои им дале детални иструкции, односно поставиле неколку услови.

Првиот е дека мора сам да ги натера Парижаните да го продадат, а вториот е да прифати многу послаб договор од тој што го има во ПСЖ.

„Гол“ пишува дека Нејмар ги прифатил двата услови, па останува само нивната реализација. А, наводно, веќе им кажал на своите пријатели дека наредното лето ќе се врати во Каталонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…