Дома Актуелно Семедо сака да замине од Барса и да се пресели во Мадрид за 100 милиони евра?

Семедо сака да замине од Барса и да се пресели во Мадрид за 100 милиони евра?

Нелсон Семедо одлучил да замине од Барселона, јавува шпанскиот новинар Алфредо Мартинез.

Неколку новинари блиски до Каталонците тврдат дека овој тим се соочува со проблем со губење на Семедо, кој наводно донел одлука да ја промени средината ова лето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


25-годишниот Португалец во Барса пристигна од Бенфика во јули 2017. година за 30.5 милиони евра и тоа не беше лош потег на Барселона, но играчот едноставно смета дека треба нешто да менува во кариерата.

Во неговиот договор постои откупна клазула во висина од 100 милиони евра и наводно истата ќе ја активира Атлетико Мадрид.

Семедо за Барселона одигра над 50 натпревари и постигна еден погодок, а бројот на одиграни натпревари на Бенфика и донесе дополнителни пет милиони евра бонуси.

Португалскиот репрезентативец игра на позицијата десен бек и во последно време добива се повеќе шанси за игра откако првата опција на таа позиција Серхи Роберто се повеќе има улога на офанзивен играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Кошаркарите на Денвер ги изненадија навивачите – се загреваа во папучи: Еве и зошто

Екипата на Денвер изминатата вечер беше поразена од Лејкерс кој така успеа да намали со 3:…