Eден Азар се уште е без клуб откако го напушти Реал Мадрид, Белгиецот е слободен, а се пишуваше дека би можел и да ја заврши кариерата.
Поради преголемиот број повреди во кариерата за Азар немаше преголем интерес од клубовите од посилните европски лиги, но сега се појави можеби интересна опција за Белгиецот.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Интерес за 32-годишниот фудбалер покажал премиерлигашот Кристал Палас. Првиот човек на Палас наводно верува дека Азар се уште има што да понуди на теренот и Рој Хоџсон е заинтересиран за реализација на овој трансфер.
За Азар ова би било враќање во Премиер лигата и обид за спас на кариерата. Своевремено Азар имаше одлични настапи во дресот на Челзи.