Белгиецот Еден Азар веќе одреден период е надвор од професионалниот фудбал, а сега настапи на хуманитарен натпревар помеѓу Ленс и легендите на француската лига кој на крајот заврши со победа на Ленс од 6:5.
Азар првиот дел од кариерата го помина во Лил, па поради тоа и доби свирежи во текот на целиот натпревар.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со Лил белгискиот фудбалер во 2011 година го освои францускиот шампионат и Купот на Франција. Во Франција Лил и Ленс се големи ривали, па фановите на Ленс не му ги простија успесите во настапите нивниот голем ривал.