Дома Фудбал Останато Се огласи Ноер: Имам голема желба да бидам дел од Мундијалот

Се огласи Ноер: Имам голема желба да бидам дел од Мундијалот

Еден од најдобрите голмани во светот, Мануел Ноер се уште се опоравува од тешката повреда на стапалото која ја заработи во септември минатата година.

Чуварот на мрежата на минхенски Баерн се уште е далеку од враќање на терен. Иако операцијата беше успешна Ноер не може да тренира и за него оваа сезона веројатно нема фудбал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Под голем знак прашалник е и неговиот настап на Светското првенство каде што би требало да биде прв голман на селекцијата на Германија.

„Опоравувањето оди добро, но морам да почекам да бидам целосно здрав. Не знам кога ќе биде 100%, но можам да кажам дека во овој момент сум на 80%. На лентата за трчање успевам со лесно темпо да тренирам“.

„Мојата цел е да бидам спремен за Светското првенство. Верувам дека сум и потребен на репрезентација и имам голема желба да бидам дел од Мундијалот“, изјави Германецот кој во овие момент се одмара на Тајланд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…