Дома Топ вести Се е можно кога Раиола ти е агент – Ибра станува „крал“ на 36 години!?

Се е можно кога Раиола ти е агент – Ибра станува „крал“ на 36 години!?

Какво лето би било ова…

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Златан Ибрахимовиќ во Реал Мадрид на 36 години!? Да, можно е кога го имате Мино Раиола за агент.

Шпанските медиуми попладнево пренесуваат бомбастична вест, Мино Раиола го понудил Ибрахимовиќ на Реал Мадрид како замена за Алваро Мората.

Ибрахимовиќ стана слободен играч откако Манчестер Јунајтед одлучи да не го продолжи договорот со Швеѓанецот поради повредата на лигаментите. Ибра успешно се опоравува од повредата и во јануари ќе може да се врати на теренот, а Раиола се обидува да го наметне на Флорентино Перез.

Се пренесува дека Раиола бара плата од 10 милиони евра за искусниот Швеѓанец, но јасно е дека Перез во никој случај нема да прифати такво нешто иако има можност да го доведе бесплатно.

Зинедин Зидан ќе мора да доведе напаѓач бидејќи е се поизвесно дека Алваро Мората ќе се пресели во Јунајтед, но прашање е дали на Французинот му одговара Ибрахимовиќ.

Ова за Реал би можел да биде добар маркетиншки потег со оглед на тоа дека Ибрахимовиќ е магнет за продажба на дресови.

Доколку потпише со Реал тоа веројатно би значело дека „кралевите“ ќе бидат негов последен клуб во кариерата.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…