Дома Фудбал Англија Руни: Рашфорд и Роналдо треба да бидат на клупа

Руни: Рашфорд и Роналдо треба да бидат на клупа

Поранешниот англиски репрезентативец и напаѓач на Манчестер јунајтед, Вејн Руни кажа дека тренерот Ерик Тен Хаг треба да размисли да ги остави Кристијано Роналдо и Маркус Рашфорд на клупа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Манчестер јунајтед има два порази во воведните две кола во Премиерлигата, а денес играат против нивниот вечен ривал Ливерпул.

„Јас мислам дека утре не треба да играат Роналдо и Рашфорд. Да сум на позицијата на Тен Хаг ќе ми беше најважно да има енергија на теренот“, вели Руни.

Руни, исто така, не беше среќен поради трансферот на Касемиро во Јунајтед затоа што смета дека Тен Хаг треба да купува млади фудбалери за иднината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Проклетството“ на семејството Клајверт: Татко и син на ист датум и на ист начин промашија пенали! (Видео)

Фудбалерите на Холандија трет пат по ред испаднаа на Светските првенства после полошо изве…