Oд вчера во медиумите актуелна е веста дека Меси ги прекинал преговорите со Барселона за продолжување на преговорите, денес се појави и информација дека Аргентинецот отворил преговори со Манчестер Сити (повеќе тука). Свое мислење за целата ситуација даде и легендарниот Бразилец Ривалдо.
Ривалдо смета дека соработката со Гвардиола во Манчестер Сити може да биде примамлива за Меси, меѓутоа потенцира дека светски бум би било ако Меси заигра покрај Роналдо во Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Лео има уште една година од договорот и во гласините за неговото заминување може да има вестина. Ако размислува за заминување веројатно нешто се случило во соблекувална или пак е изморен од проблемите во клубот во последните неколку Меси“.
„По истекот на договорот тој ќе има 34 години, но Меси е највисока класа и без проблем и на тие години може да игра во Премиер лигата. Мислам дека може да го привлече соработката со Гвардиола. Двајцата во Барса имаа супер соработка“.
Ја прокоментира можноста и да премине во Јувентус.
„Верувам дека многу агенти сонуваат Меси да заигра покрај Роналдо во Јувентус. Тоа би било светски бум, Јувентус таа инвестиција веднаш би си ја вратил. Сите би сакале да ги видат Меси и Роналдо еден покрај друг на теренот. Сигурен сум дека многу спонзори би се вклучиле да му помогнат на Јувентус во таква зделка“, изјави Ривалдо.