Дома Фудбал Сити и Ливерпул ги вкрстуваат копјата во четвртфиналето на ФА Купот

Сити и Ливерпул ги вкрстуваат копјата во четвртфиналето на ФА Купот

Големо дерби се наѕира во следниот круг на турнирот за ФА Купот. Во борба за место во финалната четворка на престижниот турнир на Островот ќе играат екипите на Манчестер Сити и Ливерпул.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Жрепката го одреди тоа, која беше извлечена пред последниот натпревар од осминафиналето меѓу Вест Хем и Брентфорд.

Челзи и Арсенал имаа среќа, бидејќи „сините“ ќе го пречекаат третолигашкиот Порт Вејл, додека „топџиите“ ќе се соочат со второлигашкиот Саутхемптон.

Лидс на Илија Груев ќе патува до Лондон за натпревар со Вест Хем или Брентфорд, чиишто натпревар се игра во моментот.

Еве ги сите натпревари од програмата во 1/4-финалето:

Саутхемптон – Арсенал
Челзи – Порт Вејл
Манчестер Сити – Ливерпул
Вест Хем/Брентфорд – Лидс

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ го посочи Јамал како најдобар пример: „Тоа е вистината што никој не сака да ја признае“.

Златан Ибрахимовиќ даде забележлива изјава за современиот фудбал, овој пат по натпреварот …