Дома Фудбал Атлетико најде замена за Гризман и тоа во ПСЖ!?

Атлетико најде замена за Гризман и тоа во ПСЖ!?

Полека се ближи крајот на една ера, Антоан Гризман го напушта Атлетико Мадрид, каде што остави огромна трага и беше еден од најдобрите играчи на овој клуб некогаш.

Да се влезе во неговите копачки ќе биде исклучително тешко, а управата на клубот има задача да донесе негова замена и таа би можела да биде фудбалерот на Пари Сен Жермен.

Тоа е Ли Канг Ин, момче од Јужна Кореја кое добива шанса кај Луис Енрике, но најчесто е во ротација. Оваа сезона, 3 гола и 4 асистенции во сите натпреварувања.

ПСЖ има желба да му понуди нов договор, но ако пристигне соодветна понуда со задоволство ќе го продаде.

Според „Скај спортс”, Ли Канг Ин е проценет од страна на Пари Сен Жермен на 40 милиони евра, а доколку Атлетико сака да ги уплати тие пари, ќе има левоног фудбалер во своите редови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дембеле и Кварацхелија први на удар: Луис Енрике воведе сурово правило во ПСЖ

Откако минатата сезона освои сè што можеше да се освои, Луис Енрике не дозволува опуштање …