
Интервјуто на Пирс Морган со Кристијано Роналдо предизвика многу дискусии, откако познатиот Португалец изјави дека не се грижи премногу за освојувањето на Светското првенство и дека тој трофеј нема да му ја определи кариерата.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
“Ако ме прашате, Кристијано, дали сонувам да го освојам Светското првенство? Не, тоа не е сон. Дали би ме дефинирало меѓу најдобрите во историјата, ако освојам еден турнир со шест или седум натпревари? Мислите дека тоа е фер?”, рече Роналдо.
За разлика од него, Аргентинецот Лионел Меси, кој често се смета за негов ривал, гледа на Светското првенство како на врвно признание во неговата неверојатна кариера.
“Вистина е дека е тешко да се опишат чувствата од тој момент. Тешко е со зборови да се објасни што значеше таа титула, на личен и семеен план, за моите соиграчи и за целата држава. Гледавме како целиот народ ја слави титулата, таа потреба и желба што сите ја имавме да се повтори тој успех по толку долго време”, изјави Меси и додаде:
“За секој играч, освојувањето на Светското првенство е највисокиот стремеж. Тоа е како да секој во својот професионален живот постигне апсолутен врв. По Светското првенство нема ништо повеќе. Не можете да посакате ништо повеќе. И на сето тоа, имав среќа што пред тоа ги освоив сите други трофеи. Тоа беше делот што ми недостигаше. Тој трофеј беше круна на мојата цела кариера”.