
Реал Мадрид апсолутно ја користи фактот дека е еден од најгледаните клубови во светот, а нивното богатство се гледа и во тоа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според шпанските медиуми, Реал дополнително ќе ги зголеми своите приходи од спонзори чии имиња ќе се најдат на дресот на овој клуб.
Првин, Реал ќе потпише нов договор со Адидас, со зголемени услови во вид на приходи за Мадриѓаните, а вториот е главниот спонзор на дресот, „Fly Emirates“ кој исто така ќе го обнови договорот.
Реал е тој кој побара зголемување на договорот, а двата спонзора го прифатија барањето на Мадриѓаните.
Двата спонзора ќе останат со клубот до 2031 година, а Реал би требало да заработи цели 300 милиони евра по сезона само од спонзори на дресот. Покрај „Fly Emirates“ и Адидас, на дресовите на Реал Мадрид се наоѓа и HP.
Сето ова ќе значи нови засилувања, пред сѐ на лето кога Реал Мадрид ќе бара стопер и играч од средниот ред.