Дома Фудбал Ханзи Флик: Њукасл ќе не притиска и треба да се браниме добро

Ханзи Флик: Њукасл ќе не притиска и треба да се браниме добро

Барселона продолжува со учеството во Лигата на шампионите со дуел против Њукасл во осминафиналето. Првиот натпревар е во вторник навечер од 21:00 часот на „Сент Џејмсис Парк“. Разликата во настапите на двата тима во нивните првенства е огромна, бидејќи Каталонците се лидери во Ла Лига, додека „мечките“ се 12-ти во Премиер лигата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Инаку Барса и Њукасл веќе овој сезон се сретнаа во ЛШ, а тоа се случи во септември кога Шпанците победија со 2:1 како гости.

За натпреварот со Њукасл и ЛШ воопшто
Ќе видиме фантастична атмосфера во Њукасл. Тие ќе не притискаат и брзо ќе прават транзиции. Треба да се браниме многу добро. Ова е тим со многу брзи играчи и треба да успееме да ги ограничиме. Инаку мислам дека Лигата на шампионите сега е различна – сите тимови излегуваат да победат. Треба да играме со самодоверба.

За Премиер лигата
За мене ова е најдоброто првенство во светот. Таму имаат многу пари за да привлечат најдобри играчи. Ние треба да играме според нашата филозофија и тоа сакаме да го покажеме во вторник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалер на Реал Мадрид поради конфликт го напушта клубот

Играчот од средниот ред на Реал Мадрид, Дани Себаљос, го напушта клубот поради сериозен ко…