Дома Фудбал Нови вести за Роналдо го шокираа светот, а потоа се јави човек кој им ја затвори устата на сите

Нови вести за Роналдо го шокираа светот, а потоа се јави човек кој им ја затвори устата на сите

Како гром од ведро небо се појави информација дека челниците на Челси работат на трансфер на Кристијано Роналдо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Имено, Роналдо има 41 година и двапати играше во Премиер лигата, и тоа двата пати за Манчестер Јунајтед.

Во својата кариера играше и за Спортинг, Јувентус, Реал Мадрид, а моментално е фудбалер на Ал Наср.

Минатиот месец Роналдо одлучи да “штрајкува” бидејќи сметаше дека сопствениците на клубот во кој игра не вложуваат доволно во тимот.

Сопствениците на Ал Наср се исто така и сопственици на Ал Ахли, Ал Иттихад, но и тим од Премиер лигата, а тоа е Њукасл Јунајтед.

Роналдо не беше во составот за натпреварите против Ал Иттихад и Ал Ријад, а потоа се врати и постигна два гола во победата од 4:0 над Ал Хазем.

Сега се појавија информации дека Кристијано Роналдо на лето прави изненадувачки трансфер во Челси.

Тоа би се случило, наводно, само ако Кристијано Роналдо биде спремен да ја намали својата моментална плата што ја има во Саудиска Арабија.

За сето ова зборуваше и специјалистот за трансфери Фабрицио Романо и тој ги отстрани сите сомнежи околу овие информации.

“Многу луѓе ме прашуваа последниве денови за оваа тема, а можеби имало и некои врски во Англија. Сепак, ова е секако комплетно лажна вест”, рече јасно Фабрицио Романо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ги менува плановите: По двајца играчи за средина на терен, тргнуваат кон нова голема мета

Според пишувањето на The Sun, раководството на Манчестер Јунајтед смета дека средната лини…