Дома Фудбал Ни Клоп, ни Алегри: Флорентино Перес го избра новиот тренер на Реал Мадрид!

Ни Клоп, ни Алегри: Флорентино Перес го избра новиот тренер на Реал Мадрид!

Сезоната како тренер на Реал Мадрид ја започна Алонсо, но тој на почетокот на годината доби отказ од овој клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На негово место беше поставен Арбелоа, но јасно е дека и тој нема да биде тренер на најголемиот клуб во светот и следната сезона.

Многу се зборуваше во последно време за потенцијалниот наследник на Арбелоа, а две имиња беа во најголем фокус.

Јирген Клоп и Алегри се двајца тренери што најмногу се поврзуваа со преземањето на Реал Мадрид.

Сепак, последните информации што ги пренесе ESPN велат дека Флорентино Перес донел одлука кој ќе биде новиот тренер на Реал Мадрид.

Наводно имало неколку имиња во игра, но изборот паднал на актуелниот селектор на Соединетите Американски Држави, Почетино.

Почетино многу се поврзуваше со враќањето во Тотенхем, но тој не сакаше да го прифати тоа.

Неговиот договор со Соединетите Американски Држави трае до завршувањето на Светското првенство закажано за ова лето.

Почетино многу добро ја познава Ла Лига од неговите играчки денови, а како тренер покрај во Тотенхем работел и во Пари Сен Жермен и Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ибрахимовиќ го посочи Јамал како најдобар пример: „Тоа е вистината што никој не сака да ја признае“.

Златан Ибрахимовиќ даде забележлива изјава за современиот фудбал, овој пат по натпреварот …