Дома Топ вести Реал и Ливерпул спремаат трампа која ќе предизвика „земјотрес“

Реал и Ливерпул спремаат трампа која ќе предизвика „земјотрес“

Шпанските медиуми тврдат дека Реал Мадрид и Ливерпул спремаат сензационална трампа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Иако односите помеѓу овие два клуба не се на најдобро можно ниво после финалето од Лигата на шампиони и „дуелот“ помеѓу Серхио Рамос и Мохамед Салах, сепак би можеле да соработуваат.

Имено, шпанските медиуми ја пласираа информацијата дека Реал Мадрид е спремен да го понуди Тони Крос и пари за на „Сантиаго Бернабеу“ да го донесе фантастичниот Египќанец.

Најголем проблем претставува тоа што Ливерпул не сака да се откаже од својот најдобар играч.

Меѓутоа, Реал не се откажува од намерата да го донесе Салах во своите редови, па е спремен дури да ги „жртвува“ Иско и Марко Асенсио.

„Кралевите“ на лето спремаат голема реконструкција на тимот, па за очекување е да пристигнат неколку големи ѕвезди на „Сантиго Бернабеу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…