Дома Трансфер зона „Рамос за нас никогаш не бил опција, не ни треба“

„Рамос за нас никогаш не бил опција, не ни треба“

Долги години Серхио Рамос важеше за еден од најдобрите дефанзивци  во светот, но во овој момент е без клуб, а според последните најави ќе се пресели во Галатасарај (ТУКА).

Рамос се поврзуваше и со трансфер во неговиот поранешен клуб, Севиља, но од шпанскиот клуб се огласија и порачаа дека Рамос летово во ниту еден момент не бил во нивните планови.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


„Како и секој преоден рок, така и за овој имавме план. Рамос не беше опција во ниту еден момент, тој не ни треба. Имавме само некои директни и индиректни понуди“, изјави првиот човек на Севиља, Пеп Кастро.

Севиља вечерва ја очекува финалето во европскиот Суперкуп каде што во битката за трофејот ќе се соочи со Манчестер Сити (ТУКА).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…