Фудбалерите на Манчестер Сити и Севиља од 21 часот ќе играат за трофејот во Суперкупот на Европа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Манчестер Сити минатата сезона ја освои Лигата на шампионите, откако во финалето го совлада Интер со 1:0. Севиља го освои трофејот во Лига Европа.
Шпанскиот клуб во финалето ја победи Рома со 4:1 по подоброто изведување пенали. По 90 и 120 минути резултатот беше 1:1.
Манчестер Сити минатиот викенд во првото коло од Премиер лигата го победи Барнли со 3:0, додека Севиља со пораз од Валенсија (1:2) ја започна Ла Лига.
Сити и Севиља одиграа четири меѓусебни натпревари во европските натпреварувања, а Манчестер Сити победи на сите четири натпревари.
Манчестер Сити за прв пат ќе се бори за трофејот во Суперкупот.
Фудбалерите на Севиља шест пати се бореа за Суперкупот, а само еднаш го освоија овој трофеј и тоа во 2006 година.
Натпреварот ќе се одигра на стадионот „Јоргос Караискакис“ во Пиреја.